Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „ЕСМ Дистрибуција на Топлина“ Скопје на 18 декември поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика за корекција на цените поради зголемените трошоци за гас.
„Со поднесеното барање, Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година. Со ова барање, Друштвото бара зголемување на трошоците за гориво за 2024 година во износ од 12,92 проценти“, се наведува во документот доставен до Регулаторната комисија.
Регулаторната комисија за енергетика се очекува до крајот на оваа недела или на почетокот на наредната да закаже седница, на која ќе го разгледа барањето на ЕСМ и ќе донесе одлука за новата цена на парното.


