Skip to content
  Saturday 13 June 2026
Trending
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери Златото достигна исторски највисока цена! КБ Блог на Комерцијална Банка АД Скопје-место каде можете да најдете корисни информации и совети Од денес граѓаните на главниот град ќе плаќаат поскапо парно Трговците доставија предлози за намалување на цените на групи производи Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka Мешаните тимови – клучот за бизнис-успехот Со подобрениот пристап до Македонија, се очекува да се создаде нов економски бенефит за туризмот, “Freebird Airlines” е еден од новите оператори Ново животно поглавје со Пензионерскиот пакет на Халкбанк Почнува исплатата кон компаниите од унгарскиот заем
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
  Вести  Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците
Вести

Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците

adminadmin—0
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

Во рамки на денешната 35. собраниска седница меѓу точките од дневниот ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи. Предлог-законот треба да се донесе по скратена постапка, а ќе им овозможи на сметководителите кои се дисциплински казнети и привремено избришани од регистрите, да ги потпишат годишните сметки и/или финансиските извештаи за 2024 година. 

Според текстот што го предлгаат пратеници од владејачкото мнозинство, неисполнетата обврска за континуирано професионално усовршување поради која се казнети, сметководителите ќе мора да ја завршат до 31 декември 2026 година.

More stories

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го уништија енергетскиот систем и претпријатија, а цената на струјата ја покачија за 50%

Мешаните тимови – клучот за бизнис-успехот

КБ Блог на Комерцијална Банка АД Скопје-место каде можете да најдете корисни информации и совети

Авион на„Делта ерлајнс“се урна при слетување во Торонто

Моментно на околу 3 300 сметководители им е изречена дисциплинска мерка „времено бришење од регистарот“, односно им е одземено правото на потпис на годишните сметки зашто не посетувале доволен број часови обука кај консалтинг куќите. 

Согласно актуелниот Закон за вршење сметководствени работи, сметководителите и овластените сметководители за надградување на знаењето се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување. Сметководителите треба да имаат вкупно 90 часа обука, а овластените сметководители 120 часови обука. Поради непочитување на овие законски одредби, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) до 15 јануари 2025 година има донесено околу 3 300 решенија со кои им се изречени дисциплински мерки „времено бришење“ на сметководителите и овластените сметководители од соодветните регистри во времетраење од една година.  

Сметководителите во четвртокот организираа протест пред Министерството за финансии на кој изнесоа повеќе барања, меѓу кои и најитно изнаоѓање решение за оние што се времено избришани од регистарот за да можат да ги потпишуваат годишните сметки, но и законски измени со кои на ИСОС ќе му се одземат или строго ограничат ингеренциите за контрола на квалитет.

На протестот неочекувано се појави и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која ги ислуша сметководителите и им порача дека предлог-законски измени за решавање на нивниот проблем се веќе во собраниска процедура. Таа и следниот ден, во петокот, на средба со раководството на Сојузот на стопански комори, одговорајќи на новинарски прашања, беше децидна дека сметководителите, иако имаат дисциплински мерки, ќе можат да ги потпишат завршните сметки за 2024 година, но потоа, потенцира, ќе мораат да ги завршат законски предвидените часови за професионална обука. Министерката најави и дека ќе се провери  состојбата во ИСОС и доколку се утврдат какви било злоупотреби, како што обвинуваат сметководитечите, ќе се преземат соодветни мерки.

На дневен ред се и Предлог-законот за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија, во прво читање, како и Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите, Предлог-законот за дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по барањето за давање на автентично толкување на член 20-а став (4) од Законот за вработените во јавниот сектор, поднесено од пратениците Блерим Беџети, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Бејџан Иљас, Сали Мурати, Исмаил Јахоски, Илир Хасани, Садула Дураки, Рина Ајдари, Талат Џафери, Елми Азири и Муса Џафери.

FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

admin

УЈП апелира до даночните обврзници да ги поднесат ДДВ-04 пријавите навреме
„10 секунди“ – новото правило за трансфери во ЕУ
Related posts
  • Related posts
  • More from author
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Read also
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
video
Подкасти

“На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    Subscribe to Our Newsletter

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    Infoportal
    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    # TRENDING

    македонијаинвестицииекономијакампањамладисасаенергетикаесмфилип морисфинансиивладахристијан мицковскивмро-дпмнесообраќајживотна средина
    Инфопортал © Сите права задржани 2025
    • Политика за колачиња
    • Општи Услови