Skip to content
  Saturday 13 June 2026
Trending
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства ПИРЦ МУСАР-Состанокот во Париз покажa дела државите во ЕУ не се рамноправни Се затвора позната фабрика во Германија: Илјадници работни места ќе бидат изгубени Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови Трилинг: Граѓанскиот бунт наспроти политичкото профитерство Мешаните тимови – клучот за бизнис-успехот Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите Трајановски изврши увид на автопатската делница во изградба Кичево – Охрид Зголемени пензии за 2.500 денари!
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
  Вести  „Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
Вести

„Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

adminadmin—0
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail
More stories

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

Ненадеен инспекциски надзор во четири трговски ланци откри низа нерегуларности

Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

Зголемени пензии за 2.500 денари!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија. Во таа насока, министерката Божиновска бара, во најкраток можен рок, Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.

Станува збор за машина – Трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, која повеќе од 7 години седи неупотребена во подрумските простории на Бирото. Со ставањето во употреба на оваа опрема, крајна цел е, освен верификација на мерилата, и да се испитува исправноста на мерилата по жалба на потрошувач, за која Божиновска инсистира да биде спроведувана и заради честите поплаки и барања од граѓаните.

Минатата недела, Министерката Божиновска при посетата на Бирото за метрологија изврши обиколка на опремата со цел да се утврди нејзината состојба. Веднаш беа дадени насоки да се започне со сите потребни активности за нејзино итно активирање. По што доби уверување од раководството на Бирото дека веднаш ќе се распише потребниот тендер за проверка на функционалноста, инсталација и пуштање во употреба на опремата, како и обука на вработените, по што ќе може да започне со проверки на броилата.

Со оваа мерка, граѓаните ќе добијат можност за независна проверка на исправноста на своите броила, директно во државна институција. Ова ќе овозможи секој сомнеж за неправилно фактурирање да се провери со прецизни и официјални мерења, при што граѓаните ќе добијат јасен и недвосмислен одговор за состојбата на нивниот инструмент.

Истовремено, ова ќе претставува дополнителен механизам на контрола врз компаниите кои ги инсталираат и одржуваат броилата, со што ќе се обезбеди поголема правичност во наплатата на потрошената енергија и ќе се намалат можностите за неправилности. Министерството останува посветено на заштитата на правата на граѓаните и воведување механизми кои ќе обезбедат фер и точен систем на мерење.

FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

admin

КБ Блог на Комерцијална Банка АД Скопје-место каде можете да најдете корисни информации и совети
Исплатени се околу 5 милони евра субвенции за лозарите
Related posts
  • Related posts
  • More from author
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Read also
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
video
Подкасти

“На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    Subscribe to Our Newsletter

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    Infoportal
    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    # TRENDING

    македонијаинвестицииекономијакампањамладисасаенергетикаесмфилип морисфинансиивладахристијан мицковскивмро-дпмнесообраќајживотна средина
    Инфопортал © Сите права задржани 2025
    • Политика за колачиња
    • Општи Услови