Skip to content
  Wednesday 29 October 2025
Trending
Нова линија Скопје-Париз Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите Од денес граѓаните на главниот град ќе плаќаат поскапо парно Форум „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот Почнува исплатата кон компаниите од унгарскиот заем  Амстердам-Скопје-Амстердам, нова авио линија САД ги ограничуваат плаќањата за енергенсите на Русија Александар Иљов и Беркан Имери реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје „Претрес“ на Петар Богојески: Лицемерна политика, државен грб, национализам „окупирано“ судство Просечната нето-плата во декември – 43.587 денари
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
  Вести  Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите
Вести

Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

adminadmin—0
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

📷Министерство за финансии

До крајот на овој месец се очекува да биде исплатена првата транша од унгарскиот заем за поддршка на компаниите. Во дел од банките проекти веќе има одобрено и поднесено е барање за исплата до Развојната банка. Ова беше споделено на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претставниците на Стопанската комора на Северна Македонија.

Kако што соопштија од Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска почнува со серија разговори со бизнис заедницата, чија цел ќе биде да се споделат информации за пласманот на средствата од унгарскиот заем.

More stories

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го уништија енергетскиот систем и претпријатија, а цената на струјата ја покачија за 50%

Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците

Зголемени пензии за 2.500 денари!

„Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

-Почнуваме серија разговори со бизнис заедницата и почнуваме денеска од Стопанската комора на Македонија. Целта е преку овие состаноци да споделиме информации за пласманот на средствата од унгарскиот заем наменет за компаниите и да решиме евентуално дилеми кои се јавуваат во тој процес, рече министерката на средбата.

Таа додаде дека целта е средствата да бидат пласирани во цел износ, да се помогне стопанството во моментов, имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво и да се поттикнат инвестиции, пред се одржливи кои носат развој.

За претседателот на Комората, Бранко Азески, најважно е овие средства, обезбедени од Владата, да стигнат што е можно побрзо до компаниите и да почнат да се реализираат инвестициите.

Тој ја поздрави иницијативата за вакви состаноци на кои може да се разменат мислења за актуелни теми, но да се отворат и прашања кои ги засегаат компаниите.

Од Министерството потенцираат дека на средбата се отвори прашањето за повратот на средствата уплатени од компаниите по основ на Законот на солидарен данок.

Министерката за финансии истакна дека тоа претставува голем товар врз буџетот, но посочи дека средствата ќе бидат вратени кон компаниите во рок пократок од пет години и дека претстојат средби со компаниите на чиј предлог ќе се утврди динамиката на враќање. Со разговорите ќе се продолжи, во наредниот период ќе бидат подготвени предлози врз основа на кои ќе се разговара и ќе се решава ова прашање. Од Стопанската комора изразија разбирање за состојбата на државната каса и се подготвени на разговори и утврдување на динамиката и начинот на враќање на средствата.

-Присутните заклучија дека дијалогот е можност за решавање на сите отворени прашања и дека таквиот дијалот меѓу Владата и бизнис заедницата ќе продолжи и во иднина со цел создавање подобри економски услови и економска предвидливост за работење. Дијалогот со бизнис заедницата ќе продолжи во наредните денови и со средби со другите стопански комори и здруженија, се вели во соопштението на Министерството за финансии

FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

admin

Владата донесе одлуки за ограничување на маржите и цените на основните производи
Трудо: Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата за воведување царини
Related posts
  • Related posts
  • More from author
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Read also
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
video
Подкасти

“На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    Subscribe to Our Newsletter

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    Infoportal
    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    # TRENDING

    македонијаинвестицииекономијакампањамладисасаенергетикаесмфилип морисфинансиивладахристијан мицковскивмро-дпмнесообраќајживотна средина
    Инфопортал © Сите права задржани 2025
    • Политика за колачиња
    • Општи Услови