Пратениците од ВМРО ДПМНЕ, како предлагачи на законот решија да се борат против високите цени преку израелскиот модел, кој веќе се пректикува и во Франција, Италија, Хрватска. Овој закон, според предлагачите, има за цел да ги заштити граѓаните преку подобра информираност за цените, истовремено обезбедувајќи фер конкуренција и пониски трошоци за потрошувачите. Според новите законски одредби, маркетите ќе бидат должни секојдневно да ги ажурираат цените на производите, додека инспекциските служби ќе вршат континуиран надзор за почитување на правилата. Владината коалиција смета дека ова законско решение ќе поттикне поголема конкурентност меѓу трговците, а нивните анализи покажале значителни разлики во цените на идентични производи во различни маркети.
Економија Предложен нов закон-Mаркетите отсега ќе мора јавно на своите веб страни да ги објавуваат цените на сите производи
Предложен нов закон-Mаркетите отсега ќе мора јавно на своите веб страни да ги објавуваат цените на сите производи
Read also


