Skip to content
  Wednesday 29 October 2025
Trending
Трилинг: Судска (не)правда наспроти демонстрација на политичка моќ „Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните КБ Блог на Комерцијална Банка АД Скопје-место каде можете да најдете корисни информации и совети Трајановски изврши увид на автопатската делница во изградба Кичево – Охрид Исплатени се околу 5 милони евра субвенции за лозарите Нова линија Скопје-Париз “Претрес” во прилепскиот затвор:Измамник испразни каси на 100 фирми / тренер осуден за педофилија „ТИНЕКС“ ЈА СТАРТУВА КАМПАЊАТА „ТВОЈ ИЗБОР, ТВОЈА ЗАШТЕДА“ Ланецот маркети воведува попусти на основните производи во февруари ЕУ планира да го блокира увозот на храна Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички  приоритет
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
  Економија  Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година
Економија

Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година

adminadmin—0
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

Над 5 милиони евра е извозот што го реализирале македонски производители преку продажната мрежа на Лидл во 2024 година. Извозниот промет бележи пораст од 25 пати во однос на истиот период лани, а заедно со Лидл Северна Манедонија, 20 македонски компании реализирале извоз во 3 земји од регионот – Србија, Бугарија и Хрватска.

„Минатата година Лидл Северна Македонија оствари посериозен извоз на македонски производи во регионот и покрај тоа што не е сеуште оперативна компанија со маркети во државата. За прв пат, во Лидл Србија, Бугарија и Хрватска, организиравме неколку тематски недели посветени на традиционалните македонски производи и претставување на автентичноста на македонската кујна. Производите ги задоволуваат сите потребни стандарди за врвен квалитет и особено нè радува што се одлично прифатени од потрошувачите. Ова е доказ за одличната соработка и успешните партнерства кои Лидл ги гради со локалните производители и добавувачи. Со овој позитивен тренд за поддршка на македонските компании ќе продолжиме и оваа година, проширувајќи го извозот и во други земји.“, изјави Стефан Георгиев, директор за набавки на Лидл Северна Македонија.

More stories

Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година

ЕСМ бара зголемување на цената на парното поради повисоки трошоци за гас

Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво

Тој посочи дека почитувањето и имплементирањето на највисоки стандарди за безбедност и квалитет на храната, не се само услов за почеток на соработка со Лидл туку и потврда за конзистентниот врвен квалитет на сите производи и сигурноста на потрошувачите дека го добиваат најдоброто.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Во 2024 година прометот од извоз на овошје и зеленчук од македонско поднебје преку Лидл е над два милиони евра, а најголем е извозот на грозје, зелка, црвена пиперка, домати и сливи. Истите се од домашни производители кои поседуваат Global G.A.P. и GRASP меѓународно признати стандарди за земјоделско производство гарантирајќи дека производите се безбедни и одговорно одгледувани.

За Лидл е од исклучителна важност и синџирот на снабдување да ги исполнува највисоките критериуми за сигурност преку задолжително имплементирање на IFS меѓународен стандард за квалитет и безбедност на храна. На овој начин препознатливиот домашен ајвар, бело и црвено вино, јагнешко месо, охридски ѓеврек, кочански ориз, овчо сирење, козјо кисело млеко, малиџано, лутеница, пастрамајлија, слатко и многу други производи од сертифицирани производители остварија одличен извоз во соседните земји. По успешната оценка и прифаќање на производите целта е тие да бидат дел од редовната годишна испорака и асортиман на Лидл.

Сопствените брендови на Лидл се добро познати на потрошувачите во различни европски земји и се одлична можност преку која македонските производители, партнери на Лидл, може лесно да дојдат до нови пазари, а со тоа и да добијат поголеми можности за продажба на нивните производи.

Лидл е најголемиот европски ланец за малопродажба на храна. Дел е од германската групација Schwarz и е присутен во 31 земја, на четири континенти. Предностите на бизнис моделот се базираат на оптималниот асортиман на производи со најдобар сооднос квалитет-цена, грижата за своите вработени и партнери, како и воведувањето на иновативни пристапи и начини на работење.

На почетокот на минатата година Лидл Северна Македонија започна со изградба на логистички центар во Куманово. Компанијата денес има повеќе од 200 вработени со намера тој број да расте во иднина.

економијаинвестициимакедонија
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

admin

Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво
ЕСМ бара зголемување на цената на парното поради повисоки трошоци за гас
Related posts
  • Related posts
  • More from author
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
Економија

Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!

0
Економија

ЕЛС воведува новина во работењето

0
Load more
Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Read also
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
video
Подкасти

“На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    Subscribe to Our Newsletter

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    Infoportal
    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    # TRENDING

    македонијаинвестицииекономијакампањамладисасаенергетикаесмфилип морисфинансиивладахристијан мицковскивмро-дпмнесообраќајживотна средина
    Инфопортал © Сите права задржани 2025
    • Политика за колачиња
    • Општи Услови