📷 НБРМ
Примената на реформите, како и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските стандарди, претставуваат клучен фактор за привлекување странски директни инвестиции.
Во економии како нашата, кои се помали, странските инвестиции честопати играат важна улога во поттикнувањето на економскиот раст“, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Инвисо“ (организаторите на Форумот на Централна и Источна Европа, познати порано како „Еуромани“).
Таа нагласи дека повеќе од две третини од странските директни инвестиции доаѓаат од земјите на Европската Унија, вклучително и во банкарскиот сектор. Ова ја зајакнува интеграцијата на нашата економија со европската, како на трговски, така и на финансиски план. Повеќе од 80% од нашиот извоз е наменет за земјите на ЕУ.
„Добро е што, и покрај економските кризи и потешкотиите во процесот на интеграција во ЕУ, странските директни инвестиции остануваат на солидно ниво и продолжуваат да растат, надминувајќи го историскиот просек. Ова е охрабрувачки знак и дава поттик за продолжување со реформите што ќе не доближат до европската економија, што пак позитивно ќе влијае на привлечноста за странски инвестиции“, изјави таа. Според последниот извештај на Европската комисија, нашата земја е оценета како умерено подготвена за членство во ЕУ, што е една од повисоките оценки во регионот на Западен Балкан.Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка во последниве години вложила значителни напори за усогласување на националната правна рамка во банкарскиот и платежниот сектор со европските прописи, што овозможи започнување на процесот на интеграција на нашата земја во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). „Според анализа на Светската банка, за прекуграничните трансакции со ЕУ, граѓаните на Западен Балкан сега плаќаат шест пати повеќе, додека компаниите десет пати повеќе отколку што би плаќале како дел од СЕПА.
Ова ќе ја зголеми конкурентноста и ќе ги подобри економските врски со Европската Унија, што ќе има значителен позитивен ефект на економскиот раст и конвергенцијата на доходот со ЕУ“, додаде-Гувернерката Ангеловска-Бежоска.


