Skip to content
  Friday 6 November 2026
Trending
Трилинг: Судска (не)правда наспроти демонстрација на политичка моќ Трудо: Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата за воведување царини Николоски: Градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година Кампањата на Веро „Заокружи сметка“ собра 419.526 денари за СОС Детско село САД ги ограничуваат плаќањата за енергенсите на Русија “На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ Војдан Јорданов реизбран за член на Управниот одбор на Триглав осигурување. Едукативен проект на Рудник САСА за запознавање на најмладите со природните вредности и нивната заштита Сè тече, сè се менува, само каматата фиксна останува – нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
  Вести  Форум „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот
Вести

Форум „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот

adminadmin—0
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

МИА

Иднината на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот преку воведувањето на електричните возила во јавниот транспорт беше тема на форумот „Електробус“, кој се одржа денес на Машинскиот факултет.

Настанот е организиран во соработка со партнерите на факултетот „Stark Energy“ и унгарската компанија Икарус, која пред присутните ги претстави техничките карактеристики на електричниот автобус IK E120 овозможувајќи панелистите да отворат дискусија за предностите на електричните автобуси.

Амбасадорот на Унгарија Андраш Клајн, како што соопштија организаторите, споделил искуство за влијанието од воведување на електрични автобуси во Унгарија.

-Сообраќајниот метеж и загадувањето се присутни и во Скопје, и тоа е општо позната ситуација.

Денес сме дојдени да се запознаеме со еден производ кој што во Унгарија се покажа како успешен во решавање на овие проблеми.

Искрено, се надевам дека во блиска иднина ќе може да оствариме посериозна соработка на оваа тема, истакнал амбасадорот Клајн. Деканот на Машинскиот факултет при УКИМ, проф.

More stories

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го уништија енергетскиот систем и претпријатија, а цената на струјата ја покачија за 50%

„Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

КБ Блог на Комерцијална Банка АД Скопје-место каде можете да најдете корисни информации и совети

Д-р Златко Петрески ја нагласил важноста на меѓународната соработка во развојот на иновативни решенија кои го подобруваат живеењето и самото опкружување на човекот.

-Електричните возила, а особено електричните автобуси, претставуваат клучен чекор кон постигнување одржливост во транспортот.

Европската Унија веќе е лидер во оваа транзиција, а ние како академска заедница имаме одговорност да придонесеме со знаење, истражување и иновации.

Форумот ‘Електробус’, организиран во соработка со нашите партнери Старк Енерџи и унгарската компанија Икарус е уникатна можност за размена на идеи и искуства меѓу академската заедница, индустријата, владините институции и меѓународните партнери.

Верувам дека овој форум ќе биде почеток на нови партнерства и проекти кои ќе придонесат кон подобра животна средина и поквалитетен живот за сите нас, истакнал деканот Петрески.

Унгарскиот производител на автобуси Икарус годишно произведува од 100 до 150 возила, а последниот период се посветени на производството на електричните автобуси.

-Ни причинува особено задоволство што можеме и во Скопје да ги претставиме нашите автобуси.

Икарус како фабрика има традиција подолга од 130 години, а денес претставуваме еден од најновите производи – електричниот автобус.

Тој веќе се употребува во Полска, Германија, Романија и Унгарија, и сакам да ги пофалам возилата дека се покажаа како отпорни на дефекти.

Во зависност од контигентот потребен за македонскиот пазар би можеле и би било логично да организираме и локално производство на електрични автобуси, изјавил претседателот на компанијата Икарус, Бенкоч Томаш.

Настанот беше подржан со презентации од Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Електромобилност, кои активно работат на промоција на чисти технологии.

FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

admin

Просечната нето-плата во декември – 43.587 денари
Мешаните тимови – клучот за бизнис-успехот
Related posts
  • Related posts
  • More from author
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Read also
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
video
Подкасти

“На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    Subscribe to Our Newsletter

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    Infoportal
    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    # TRENDING

    македонијаинвестицииекономијакампањамладисасаенергетикаесмфилип морисфинансиивладахристијан мицковскивмро-дпмнесообраќајживотна средина
    Инфопортал © Сите права задржани 2025
    • Политика за колачиња
    • Општи Услови