„Согласно Решението на Гувернерот на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери и на г-дин Александар Иљов, сметано од 06.02.2025 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.
Промените се упишани во Централниот Регистар на Р. Северна Македонија на
12.02.2025 година.

Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
Д-р Билал Суџубаши – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;


