На владина седница беше донесена одлука со која се ставаат на располагање на стопанството сума од 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании. Ова историски досега најголема сума којашто директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие можат да ги користат овие пари преку давање би рекол за денешните пазарни услови, супер ниска каматна стапка, истакна премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес- конференција со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.
-Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која овие пари ќе станат достапни за компаниите е преку Министерството за финансии кое со цел воспоставување на кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва и одобри на Развојната банка, бескаматен заем во износ од 250.000.000 евра


