Skip to content
  Wednesday 29 October 2025
Trending
Генерација EZ – часовник наместо паричник Се затвора позната фабрика во Германија: Илјадници работни места ќе бидат изгубени Девизните резерви се речиси 5 милијарди евра Со подобрениот пристап до Македонија, се очекува да се создаде нов економски бенефит за туризмот, “Freebird Airlines” е еден од новите оператори „ТИНЕКС“ ЈА СТАРТУВА КАМПАЊАТА „ТВОЈ ИЗБОР, ТВОЈА ЗАШТЕДА“ Ланецот маркети воведува попусти на основните производи во февруари Александар Иљов и Беркан Имери реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје ЕУ планира да го блокира увозот на храна На граничните премини „Блато“ и „Џепиште“ кај Дебар минатата година поминале повеќе од 885 илјади патници. Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички  приоритет Владата донесе одлуки за ограничување на маржите и цените на основните производи
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
  Македонија  Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички  приоритет
МакедонијаФинансии

Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички  приоритет

adminadmin—0
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

Фото: Народна Банка на СРМ

More stories

Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички  приоритет

Блиската соработка помеѓу финансиските регулатори игра значајна улога во зачувувањето на финансиската стабилност, особено земајќи ги предвид глобалните неизвесности и ризици. Со постојан координиран надзор и навремена размена на информации, регулаторите можат подобро да ги предвидат и да се справат со потенцијалните предизвици за финансискиот систем. Таквата соработка обезбедува ефективно спроведување на макропрудентните мерки, ја зајакнува отпорноста и придонесува за одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новоназначената претседателка на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Ели Дракуловска, која воедно е и нов член на Комитетот за финансиска стабилност.

На средбата беа разгледани сегашните параметри во банкарскиот и осигурителниот сектор, при што беше заклучено дека податоците покажуваат стабилност во двата сектора, што, пак, придонесува кон општата финансиска стабилност. Гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска, истакна дека во изминатите години, и покрај предизвиците коишто произлегоа од повеќето кризи, банкарскиот сектор обезбеди солидна кредитна поддршка за домаќинствата и компаниите, поддржана од солидниот раст на депозитите, и тоа пред сѐ во домашна валута и на подолги рокови. Ваквите позитивни промени во билансите на банките беа проследени и со постојано зајакнување на солвентноста и ликвидноста на банките, при задржување на квалитетот на кредитното портфолио.

Ели Дракуловска, претседателка на Советот на експерти на АСО, пак, истакна дека соработката меѓу регулаторите во финансискиот сектор е особено важна за успешно и сеопфатно заедничко делување коешто е предуслов за остварување и задржување на финансиската стабилност. Притоа, АСО како регулатор на осигурителниот пазар во рамките на своите надлежности постојано и целосно е посветен на подобрување на амбиентот за работа и законските рамки заради внесување новини во осигурителната индустрија за зголемување на бруто полисираната премија и вложувањата во осигурителниот сектор.

Од 2020 година, преку потпишување на Меморандумот за соработка, беше формиран Комитетот за финансиска стабилност во кој учествуваа сите тела надлежни за супервизија и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем (Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО)). Од 2022 година, со носењето на Законот за финансиска стабилност, Комитетот за финансиска стабилност правно се врамува, како меѓуинституционално тело одговорно за следење на спроведувањето на макропрудентната политика во земјава и за координација на активностите при идентификувањето и следењето на системските ризици во одделните сегменти од финансискиот систем и на финансискиот систем во целина при преземањето макропрудентни мерки и подготовката и управувањето со финансиска криза.

финансии
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

admin

250 милиони евра се ставаат на располагање на стопанството за инвестиции и развој на домашни компании
Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво
Related posts
  • Related posts
  • More from author
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Финансии

Промени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

0
Македонија

Халкбанк со донација од 50.000 евра за поддршка за семејствата на загинатите и повредените.

0
Load more
Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Read also
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
video
Подкасти

“На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    Subscribe to Our Newsletter

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    Infoportal
    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    # TRENDING

    македонијаинвестицииекономијакампањамладисасаенергетикаесмфилип морисфинансиивладахристијан мицковскивмро-дпмнесообраќајживотна средина
    Инфопортал © Сите права задржани 2025
    • Политика за колачиња
    • Општи Услови