Над 62 милиони туристи ја постила Туркије минатата година, што претставува раст на бројот на туристи од 9,8% на годишно ниво. Растот на бројот на туристи е уште поголем и изнесува 20,3% доколку остварените резултати од минатата година се споредат со резултатите пред пандемијата од 2019 година.
Зголемениот број на туристи донесе и раст на приходот на Туркије од туризам за 8,3% во однос на 2023 година. Приходот од туризам во 2024 година изнесува 61,1 милијарди долари, со што минатата година беше најуспешна туристичка година за Туркије. Бројот на туристи што ја посетиле Туркије минатата година ги надмина и проекциите од 60 милиони посетители, а истите беа ревидирани во октомври минатата година на 61 милиони туристи.


