Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Согласно условите што ги одреди Владата право на пристап до овие средства имаат сите компании со исклучок на оние што се занимаваат со производство на алкохолни пијалоци, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија – рече министерката, додавајќи дека директен увид во одлуките на банките за тоа кои проекти ќе бидат поддржани нема, но дека доколку има отстапки банките би можеле уште еднаш да ги разгледаат апликациите и да ги земат предвид билансите на компаниите.


