Следната недела, на 2 април ќе го пречекаме првиот лет на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, што е важно поради две работи. Првата е дека аеродромот во Париз Орли е управуван од Групацијата АДП, групација во која ТАВ Аеродроми е членка, а втората важна работа е дека од 2 април патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на еден од најфреквентните аеродроми во Франција кој нуди бројни домашни и европски летови – изјави за МИА Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
До почетокот на летната сезона Меѓународниот аеродром Скопје доби 2 нови авиокомпании и 2 нови дестинации – „Трансавиа“ и „Изиџет“, додека аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид како нова авиокомпанија ја доби „Туркиш ерлајнс“, која го поврзува Охрид со Истанбул 4 пати неделно.


