Skip to content
  Wednesday 29 October 2025
Trending
Предложен нов закон-Mаркетите отсега ќе мора јавно на своите веб страни да ги објавуваат цените на сите производи Instagram тестира копче „Dislike“ Генерација EZ – часовник наместо паричник ССМ ќе достави предлог до Владата за минимална плата Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД “На кавга со Иван“ – Дарко Костадиновски Форум „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот Сè тече, сè се менува, само каматата фиксна останува – нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка Халкбанк со донација од 50.000 евра за поддршка за семејствата на загинатите и повредените. “На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
  Финансии  Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на корисниците на банкарските услуги
Финансии

Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на корисниците на банкарските услуги

adminadmin—0
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја прошируваат својата соработка заради понатамошно унапредување на заштитата на потрошувачите корисници на услугите на банките и штедилниците. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ОПМ Мирјана Лончар-Велкова потпишаа Анекс на Меморандумот за соработка.

More stories

Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на корисниците на банкарските услуги

Ново животно поглавје со Пензионерскиот пакет на Халкбанк

Реформите како клучен фактор за поттикнување на странските инвестиции-Ангеловска-Бежоска во интервју за „Инвисо“

Промени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Со овој документ, како што соопшти Народната банка, двете институции дополнително се обврзуваат да вршат размена на искуства, знаења и стручна поддршка во сферата на колективната заштита на правата и интересите на корисниците на финансиските услуги.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска нагласила дека заштитата на потрошувачите е еден од приоритетите на Народната банка, како и дека банката редовно презема активности во оваа област преку унапредување на регулативата и преземање мерки.

Пред три години се формира посебна Дирекција за заштита на потрошувачите и финансиска едукација и за првпат се започна со целни контроли во банките насочени кон заштита на корисниците на банкарските услуги. Воедно, Народната банка постојано работи и на унапредување на правната рамка во доменот на заштитата на корисниците на банкарските услуги, при што во напредна фаза е донесувањето соодветни измени во Законот за банките, посочила гувернерката и ја истакнала улогата на финансиската едукација што ја спроведува Народната банка за заштита на потрошувачите.

Претседателката на ОПМ истакнала дека продлабочувањето на соработката со Народната банка е значаен чекор кон унапредување на правата на потрошувачите.

Особено е важно што со овој меморандум се предвидува спогодбено решавање на споровите доколку голем број потрошувачи се оштетени од исти даватели на финансиски услуги над кои надзор врши НБРСМ. Народната банка и ОПМ заеднички ќе работат на унапредување на правната регулатива и доследно применување на прописите, нагласила Лончар-Велкова.

Двете соговорнички ја потврдиле заемната подготвеност за спроведување на заедничките активности, приспособени на актуелните предизвици и потреби на потрошувачите.

FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

admin

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје
Силк Роуд Банка со нова експозитура во Автокоманда
Related posts
  • Related posts
  • More from author
Финансии

Промени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

0
Финансии

Министерката за финансии се појави на протестот на сметководителите

0
Финансии

Сè тече, сè се менува, само каматата фиксна останува – нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

0
Load more
Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Read also
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
video
Подкасти

“На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    Subscribe to Our Newsletter

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    Infoportal
    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    # TRENDING

    македонијаинвестицииекономијакампањамладисасаенергетикаесмфилип морисфинансиивладахристијан мицковскивмро-дпмнесообраќајживотна средина
    Инфопортал © Сите права задржани 2025
    • Политика за колачиња
    • Општи Услови