Вчера, во хотел Мериот Скопје, се одржа свечената церемонија за доделување на македонските Награди за е-трговија 2024 – “E-commerce Awards 2024”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Манифестацијата „E-commerce Awards 2024“ има клучна улога во развојот на македонската е-трговија, препознавајќи и наградувајќи ги најуспешните компании, иновативните решенија и врвните деловни практики во индустријата. Овие награди служат како потврда за трудот и посветеноста на е-трговците, но и како поттик за натамошен развој и подобрување на корисничкото искуство.
Покрај тоа што претставува признание за постигнатите резултати, оваа иницијатива има за цел да ја зајакне конкурентноста во секторот, да ги истакне најдобрите примери од практиката и да ја зголеми довербата на потрошувачите. Нивното активно учество во процесот на гласање овозможува наградите да рефлектираат реални искуства и преференции, создавајќи поголема транспарентност и вреднување на квалитетот во е-трговијата.
Главните награди за Е-трговец на годината се:
1 место – ananas.mk
2 место -telekom.mk
3 место – fashiongroup.com.mk
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ќе продолжи активно да работи на развојот на секторот, поттикнување на дигиталната трансформација и поддршка на е-трговците во нивниот напредок и проширување.


