„Рамо до рамо“, настан организиран од Алијансата за родова еднаквост на работното место и Халкбанк.
Настанот ги обедини претставниците од приватниот и невладиниот сектор, со цел да поттикне меѓусебна размена на искуства за создавање работни средини што се не само успешни, туку и праведни, инклузивни и иновативни. Компаниите кои вложуваат во мешани тимови создаваат подобра работна динамика, носат поквалитетни одлуки и постигнуваат одржлив успех. Различните перспективи носат нови идеи и креираат продуктивна работна средина, што води до подобра корпоративна култура и поголема конкурентност на пазарот.


