Skip to content
  Wednesday 29 October 2025
Trending
Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии „ТИНЕКС“ ЈА СТАРТУВА КАМПАЊАТА „ТВОЈ ИЗБОР, ТВОЈА ЗАШТЕДА“ Ланецот маркети воведува попусти на основните производи во февруари Нова линија Скопје-Париз 25 Минути : Каде е помошта од САД и Унгарија САД ги ограничуваат плаќањата за енергенсите на Русија „Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните ЕСМ бара зголемување на цената на парното поради повисоки трошоци за гас Најбогатите луѓе во светот изгубија 140 милијарди долари Instagram тестира копче „Dislike“ Ненадеен инспекциски надзор во четири трговски ланци откри низа нерегуларности
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
Infoportal
  • ВЕСТИ
  • ЕКОНОМИЈА
  • ФИНАНСИИ
  • АНАЛИЗИ
  • ИНТЕРВЈУА
  • ПОДКАСТИ
Infoportal
  Вести  „Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
Вести

„Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

adminadmin—0
FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail
More stories

 Амстердам-Скопје-Амстердам, нова авио линија

КБ Блог на Комерцијална Банка АД Скопје-место каде можете да најдете корисни информации и совети

Мешаните тимови – клучот за бизнис-успехот

Ненадеен инспекциски надзор во четири трговски ланци откри низа нерегуларности

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија. Во таа насока, министерката Божиновска бара, во најкраток можен рок, Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.

Станува збор за машина – Трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, која повеќе од 7 години седи неупотребена во подрумските простории на Бирото. Со ставањето во употреба на оваа опрема, крајна цел е, освен верификација на мерилата, и да се испитува исправноста на мерилата по жалба на потрошувач, за која Божиновска инсистира да биде спроведувана и заради честите поплаки и барања од граѓаните.

Минатата недела, Министерката Божиновска при посетата на Бирото за метрологија изврши обиколка на опремата со цел да се утврди нејзината состојба. Веднаш беа дадени насоки да се започне со сите потребни активности за нејзино итно активирање. По што доби уверување од раководството на Бирото дека веднаш ќе се распише потребниот тендер за проверка на функционалноста, инсталација и пуштање во употреба на опремата, како и обука на вработените, по што ќе може да започне со проверки на броилата.

Со оваа мерка, граѓаните ќе добијат можност за независна проверка на исправноста на своите броила, директно во државна институција. Ова ќе овозможи секој сомнеж за неправилно фактурирање да се провери со прецизни и официјални мерења, при што граѓаните ќе добијат јасен и недвосмислен одговор за состојбата на нивниот инструмент.

Истовремено, ова ќе претставува дополнителен механизам на контрола врз компаниите кои ги инсталираат и одржуваат броилата, со што ќе се обезбеди поголема правичност во наплатата на потрошената енергија и ќе се намалат можностите за неправилности. Министерството останува посветено на заштитата на правата на граѓаните и воведување механизми кои ќе обезбедат фер и точен систем на мерење.

FacebookX TwitterPinterestLinkedInTumblrRedditVKWhatsAppEmail

admin

КБ Блог на Комерцијална Банка АД Скопје-место каде можете да најдете корисни информации и совети
Исплатени се околу 5 милони евра субвенции за лозарите
Related posts
  • Related posts
  • More from author
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Read also
Вести

Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka

0
Вести

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

0
Македонија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

0
Економија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

0
video
Подкасти

“На кавга со Иван“ Ненад Јовановиќ

0
Вести

Нова линија Скопје-Париз

0
Load more
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
Шпаркасе Банка лансира нова модерна верзија на апликацијата за мобилно банкарство S-Banka
Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот
Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    Subscribe to Our Newsletter

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    Infoportal
    Inforportal.mk е економски информативен портал посветен на обезбедување релевантни, навремени и точни информации од светот на економијата, финансиите и бизнисот. Нашата мисија е да ги информираме, едуцираме и насочуваме индивидуалците, претприемачите и деловните субјекти за најновите економски и финансиски текови, преку вести и анализи, истражувачки статии и корисни совети за управување со финансиите.

    # TRENDING

    македонијаинвестицииекономијакампањамладисасаенергетикаесмфилип морисфинансиивладахристијан мицковскивмро-дпмнесообраќајживотна средина
    Инфопортал © Сите права задржани 2025
    • Политика за колачиња
    • Општи Услови