📷Социјални мрежи на ЕЛС
На денешната прес-конференција, најголемата приватна курирска служба, Еко Логистик Сервис (ЕЛС), објави нови новина во врска со идните проекти на компанијата. Покрај веќе постојната достава на пратки од водечките онлајн платформи, Алиекспрес и Тему, директорот на ЕЛС, Игор Гешовски, потврди и нови партнерства со дополнителни интернет платформи за онлајн купување.
Една од најголемите новини е започнувањето на соработката со Шеин, глобалната водечка платформа за текстил. Очекувањата се дека услугата ќе биде достапна во земјава до крајот на месецот или најдоцна на почетокот на април.
„Шеин произведува околу три милиони нови модели годишно. Компанијата управува со целокупниот процес, од набавка на материјали до финален производ. Иако цените нема да бидат од најниските, производите ќе бидат со висок квалитет. Првата пратка ја очекуваме најдоцна до почетокот на следниот месец“, истакна Гешовски.


