Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“, која има доминантно присуство на македонските аеродроми со повеќе од 50% удел на пазарот, ја прекинува линијата од Скопје до Будимпешта од 9 март. На официјалната веб-страница за резервации повеќе не се нудат билети за летови кон главниот град на Унгарија.
Компанијата сè уште не е објавила официјално соопштение во врска со причините за укинувањето на оваа линија, ниту дали има намера да ја врати со зимскиот ред на летање, кој започнува во октомври. Ова претставува седми случај на укинување на линија од Скопје за последната една година. Во јануари годинава, „Визер“ престана да лета за Салцбург и Бремен, а на есен 2024 година беа прекинати летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.
Летот за Луксембург беше укинат во јануари 2024 година.


