Од Триглав осигурување информираат дека Војдан Јорданов се реизбира за член на Одборот на директори на компанијата. Оваа одлука ја донело Собранието на акционери на компанијата на седницата одржана денеска, а за тоа ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза.
Другите членови на Одборот на директори ќе продолжат со својата работа во Одборот со постојниот мандат, се вели во известувањето од компанијата.


